Осум лица уапсени во Скопје за едно деноноќие
На 01.03.2025 во 22.55 часот во Скопје, во казино на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(38) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста бела материја и прашкаста материја.
Денеска (02.03.2025) во 00.30 часот во Скопје, од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(46) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети.
Во 01.05 часот во Скопје, пред хотел на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Во 03.40 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во 02.00 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(38) од Стар Дојран, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ф.(22) и Д.М.(37), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Oбвинител го…
Вистинска драма се одвивала доцна вечерта на…
Ајзенкот: Нетанјаху мора да биде сменет по…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за…
ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и…
Работната група за јазични и малцински права…
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство…
Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската…
Поранешната портпаролка на Зеленски e осомничена за…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) и…