Маск ја поддржува идејата за повлекување на Америка од ОН и НАТО
Кон крајот на февруари, републиканците во американскиот Сенат поднесоа предлог-закон за целосно повлекување на земјата од ОН.
Документот повикува на суспензија на целото американско финансирање на светската организација и забранува какво било учество на САД во мировните мисии на ОН.
Во неколку објави на мрежата „Х“, сенаторот Мајк Ли го повика Вашингтон да се повлече од НАТО.
„Се согласувам“, објави Маск на X мрежата доцна синоќа, како одговор на објавата на американскиот политички коментатор Гинтер Иглман, кој сугерираше дека е време САД да ги „напуштат НАТО и ОН“.
Набргу по преземањето на функцијата на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на земјата од Светската здравствена организација, повикувајќи се на нефер политики за финансирање.
Трамп, исто така, постојано ја критикуваше Европа за нејзиниот мал придонес во одбранбените капацитети на НАТО и побара од сите членки да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ, пренесува Срна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
Во Македонија 350 деца имаат дијабетес
Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…
Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…