Објавено на:

Зеленски: Мировен договор со територијални отстапки е насилна поделба на земјата и луѓето ќе сакаат правда по некое време!

t

Присилувањето на мировен договор со територијални отстапки од Русија носи ризик од обновување на непријателствата по одредено време.

Ова го изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во интервју за претставници на странски медиуми за време на неговата посета на Велика Британија.

„Тогаш тоа нема да биде мировен договор, тоа е насилна поделба на земјата“, рече тој.

Украинскиот претседател истакна и дека, според него, таквата ситуација ќе доведе до продолжување на непријателствата.

„Мислам дека оние земји што се околу оваа војна денес и оние што не поддржуваат и оние што сакаат да дејствуваат како посредници, тие разбираат дека ако крајот на војната е неправеден, тогаш ќе биде прашање на време кога луѓето ќе ја вратат оваа правда“, нагласи Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…