Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи
Одлука за продолжување на војната во Украина е донесена вчера во Лондон, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Да потсетиме, на самитот што се одржа вчера, на кој учествуваа лидери на деветнаесет земји, беше одлучено поддршката за Украина да продолжи и дека повторното вооружување ќе биде неопходно за безбедноста на Европа.
Во Лондон европските лидери одлучија дека е потребна војна, а не мир. Тие одлучија Украина да ја продолжи војната, напиша унгарскиот премиер на Фејсбук. Тој потоа додаде дека ова е „лошо, погрешно и опасно“ и дека Унгарија останува „на страната на мирот“.
На состанокот, чиј домаќин беше британскиот премиер Кир Стармер, присуствуваа 19 лидери, главно европски шефови на држави и влади, но беа и канадскиот премиер Џастин Трудо и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија 350 деца имаат дијабетес
Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…
Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…