Објавено на:

Ристовски им се извини на БББ: Нема да се предадеме!

t

Динамо Загреб ремизира против Хајдук Сплит (2-2) во вечното дерби, а македонскиот интернационалец Стефан Ристовски запиша асистенција, но исто така доби и црвен картон.

Ристовски беше асистент при првиот погодок на гигантот од Загреб, меѓутоа почетокот на второто полувреме нема да го памети по добро затоа што доби два жолти картони во период од шест минути и беше исклучен од мечот.

Динамо во тие моменти водеше со 2-1, меѓутоа Хајдук го засили темпото во продолжение од полувремето бидејќи имаше предност од еден фудбалер и на крајот во 91. минута Кровиниќ израмни на 2-2.

По вечното дерби се јави и македонскиот интернационалец, кој им се извини на „Бед Блу Бојс“ и на неговите соиграчи.

„Сакам да им се извинам на соиграчите и навивачите што добив исклучување во овој важен натпревар. Секогаш давам сè од себе и на секој дуел имам желба да му помогнам на тимот. Денес за жал тоа резултираше со црвен картон со што им ја отежнав работата на моите соиграчи. Можам само да се извинам и да ветам дека нема да се предадеме. Додека и да постои шанса за одбрана на титулата, нема да се откажеме“, објави Ристовски.

По 24 одиграни кола, Динамо е трет на табелата со 39 бодови, односно шест помалку од Хајдук и седум помалку од лидерот Риека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…

Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…

Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…

Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…