Фолкер Тирк: ООН е загрижена поради „фундаменталната промена“ на американската политика
Обединетите нации се сериозно загрижени поради „фундаменталната промена“ во насоката на американската политика, изјави Високиот комесар за човекови права Фолкер Тирк.
Без да го спомене директно американскиот претседател Доналд Трамп, Тирк истакна дека „на парадоксален начин, политиките кои имаат за цел заштита од дискриминација сега се квалификуваат како дискриминаторски“.
„Напредокот во родовата еднаквост е запрен, а изјавите што поттикнуваат поделби создаваат страв“, предупреди тој во обраќање пред Советот за човекови права на ОН.
„Со децении, САД имаа двопартиска поддршка за човековите права. Сега сум длабоко загрижен за радикалната промена на курсот, како на национално, така и на меѓународно ниво“, додаде Тирк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија 350 деца имаат дијабетес
Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…
Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…