,,Ахмети е очајен за политичко внимание”

t

„Неодговорните најави на ДУИ за бојкот на локалните избори им покажа уште еднаш дека се целосно изолирани. Тоа што не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очајен за политичко внимание. Бара факторизација преку некаква средба со ВЛЕН, за проблеми кои ни ги остави во наследство“, соопштуваат од ВЛЕН.

Прво, крајно лицемерно и неодговорно е ДУИ да не обвинува нас за иницијативата пред Уставниот Суд, кога истата е свесно држена во фиока од нивните кадри во овој Суд, со план денес да се злоупотребува за критика. Не може ВЛЕН да биде одговорен за одредени недоречености во законот кои самите ДУИ свесно ги дозволиле. Второ, текстот на Законот за употреба на Албанскиот јазик е доставен до Венецијанската Комисија токму од Бујар Османи.
Нема никаква дилема дека зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот на ДУИ од пораз, па затоа измислуваат алиби во лажните обвинувања за наводна деалбанизација која симптоматично, според нив се случува само затоа што тие не се дел од Владата, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…

Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…

Се огласи МВР за случајот Марковски: Се…

Според информациите од МВР, претрес се спроведува…

Поради денешниот инцидент во Црно Море: Претседателката…

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова свика седница…

Морнар спасен од брод кој беше нападнат…

Морнар од трговскиот брод „Ејбл“ (Able), кој…

Вулин ќе се кандидира за претседател на…

Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…