Објавено на:

Демократите бесни по говорот на Трамп: „Се зближува со Путин, ги отфрла пријателите“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред Конгресот. Тој зборуваше цели два часа. Говорот е првото големо обраќање на Трамп по враќањето во Белата куќа. Тој зборуваше за одлуките што ги донел досега, за Украина, царините, мигрантите.

Сенаторката Елиса Слоткин беше задолжена за одговорот на Демократската партија на синоќешниот говор на Доналд Трамп.

Во својот говор, таа ја искористи можноста да ја повика новата администрација на Трамп за „хаосот и неодговорноста“ што ги носи со себе.

Слоткин, исто така, го критикуваше начинот на кој претседателот се справува со војната во Украина, како и неговата конфронтација со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот петок.

„Таа сцена во Овалната соба не беше само лоша епизода од реално шоу. Тоа го сумира целиот пристап на Трамп кон светот“, рече таа.

„Тој верува во пријатноста кон диктаторите како Владимир Путин, а во исто време ги мава нашите пријатели, како Канада“.

„За него, водењето на Америка е само серија трансакции со недвижнини“, кажа таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…