СДСМ открива голем скандал: Инспекторите работат на црно, сите контроли се незаконски

t

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

СДСМ денеска открива уште еден скандал кој покажува до каде ја доведе државата и институициите оваа неспособна власт на ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

Во овој момент, Државниот инспекторат за труд практично не постои! Од 28 февруари, државните инспектори од Трудовиот инспекторат се одјавени од Агенцијата за вработување.
Инспекторите кои треба да се борат против работата на црно, самите работат на црно! Веќе цела недела не се вработени, односно се отпуштени од работа.

Владата на Мицкоски ги доведе во ситуација тие да работат без правен основ, што е скандалозно и апсолутно недозволиво.

Но скандалот е уште поголем затоа што ова значи дека сите инспекциски надзори кои ги спроведуваат се апсолутно нелегални, незаконски.

Сите акции што се спроведуваат со Министерството за внатрешни работи во изминатите денови се правно неважечки.

И тоа не е сè. Инспекторите ја добиле својата плата за декември 2024 година дури на 12 февруари оваа година, а за јануари и февруари 2025 година – платите сè уште не им се исплатени!

Тоа значи дека тие немаат ниту здравствено осигурување, што е директен напад врз нивните основни работнички права.

Замислете, тие што треба да ги штитат работниците власта ги остави незаштитени, без работа, без плата и без осигурување. Парадокси на новото нормално на ДПМНЕ.

Ова се резултатите од избрзаните и непромислени измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, против кои СДСМ предупредуваше уште минатата година.

Иако два пати се носеа законски измени проблемот не е решен. Неспособната Власта доведе до хаос во администрацијата, што денеска го гледаме со сопствени очи.

Бараме власта веднаш да го реши проблемот, сите инспектори да бидат повторно пријавени и да им се исплати платата.

За овој хаос во Државниот инспекторат за труд, мора да има одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…