Трамп: Зеленски треба да биде „повеќе благодарен“ за поддршката на САД против руската инвазија
Претседателот Доналд Трамп изјави дека лидерот на Украина, Володимир Зеленски треба да биде „повеќе благодарен“ за поддршката на САД против руската инвазија.
-Па, само мислам дека тој треба да биде повеќе благодарен, затоа што оваа земја се залепи со нив, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
Запрашан дали договорот за минерали – што требаше да биде чекор кон помагање да се стави крај на конфликтот е мртов – Трамп рече: „Не, не мислам така“.
Од Трамп беше побарано да ги потврди извештаите дека размислува да ја прекине воената помош за Украина, но рече: „Не сум ни зборувал за тоа во моментов.
-Мислам, токму сега, ќе видиме што ќе се случи. Многу работи се случуваат токму сега додека зборуваме. Мислам буквално додека зборуваме. Би можел да ви одговорам и да се вратам во мојата канцеларија — прекрасната Овална канцеларија — би можел да се вратам во Овалната соба и да дознаам дека одговоров е веќе застарен, додаде Трамп. застарен“, додаде Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се…
Земјите од Западен Балкан мора да станат…
Милановиќ: Стоиме пред сосема нови предизвици, би…
Денес стоиме пред сосема нови предизвици, во…
Негативен природен прираст во третото тримесечје –…
Во третото тримесечје од 2026 година во…
Сиљановска-Давкова: Чупиќ му даде предност на Охрид…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува дополнително подобрување на…
Ѝ ЈА ОДЗЕЛЕ ЧАНТАТА СО ПАРИ И…
На 26 ноември 2026 година во 10:15…