Обвинителството во телефонот на Дранго со вештачење ја бара сликата со убиената мечка- чека податоци од МВР за локацијата на сликата
Сашо Дранго од вчера не е заменик директор во Македонија Пат, а обвинителството објави до каде е истрагата отворена откако јавноста ја виде фотографијата на која тој со пушка „позира“ покрај мртва мечка. Телефонот е пратен на вештачење, а од МВР се одговорени дел од насоките на обвинителството, додека дел од барањата се уште не се одговорени. Обвинителството меѓу другото бара полицијата со геолокација да утврди каде точно е направена фотографијата на која се гледа убиена мечка која како вид е заштитена со закон.
-Во рамките на постапката во Основното јавно обвинителство Битола се преземаат дејствија во предистражна постапка. Извршен е распит на пријавеното лице, а во тек е вештачење на неговиот мобилен телефон. Надлежниот јавен обвинител издаде и повеќе наредби до Министерството за внатрешни работи од кои по дел се уште се постапува. Кај пријавениот по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес. По завршување на сите дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, соопштија од обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…