Украина: НАТО не е подготвен за војни со дронови
Вооружените сили на НАТО не се подготвени да водат модерни војни со беспилотни летала, изјави шефот на украинските сили за беспилотни системи, Вадим Сухаревски.
„Киев се обидува да остане чекор понапред од непријателот користејќи вештачка интелигенција и распоредувајќи беспилотни летала и ласери за соборување руски беспилотни летала“, рече Сухаревски во денешното интервју објавено од Ројтерс.
Сухаревски рече дека методот на војување со беспилотни летала од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година донел промени во споредба со методите што се користеле за водење војна досега.
„Врз основа на она што го гледам и слушам, ниту една војска во НАТО не е подготвена да се брани од каскада беспилотни летала“, рече Шухаревски.
Според него, НАТО треба да ја препознае економската предност на беспилотните летала, кои често чинат многу помалку од конвенционалното оружје што се користи за соборување на беспилотни летала.
„Киев се обидува да остане чекор понапред од непријателот користејќи вештачка интелигенција и распоредувајќи беспилотни летала и ласери за соборување руски беспилотни летала“, рече Сухаревски во денешното интервју објавено од Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…
Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…
Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…
Србија наскоро би можела да добие претседател…
Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…
Врховниот суд на Канада го остави во…
Со нож ја ограбил среде кафуле во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…
Американската армија онеспособила брод што се обидел…
Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…