Вашингтон ја преиспитува суспензијата на помошта за Украина, соопшти Белата куќа
Белата куќа синоќа соопшти дека ја преиспитува одлуката за суспензија на финансиската помош за Украина и дека се водат преговори меѓу Киев и Вашингтон околу договорот за ретки минерали.
Ова во изјава за новинарите го соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, наведувајќи дека вакви информации добила од Советот за национална безбедност.
„Во врска со ова мислам дека Советот за национална безбедност ми кажа дека ја преиспитува финансиската поддршка за Украина, односно прекинот на финансисрањето“, изјави Лебот.
Американскиот претседател Доналд Трамп доцна во понеделникот го запре испраќањето на воена помош за Украина по кавгата со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела во Белата куќа.
По овој настан, кој предизвикува бурни реакции, беше откажано и потпишувањето на договорот за ретки минерали меѓу САД и Украина.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, претходно вчера изјави дека Трамп ќе го преиспита запирањето на помошта за Украина доколку се постигне договор за мировни преговори и се преземат чекори за обнова на довербата.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски вчера, исто така, изјави дека има, како што кажа, позитивен развој во соработката со САД што може да доведе до нова средба наскоро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…