Кочоска не собра доблест да се извини за навредите кон Петровска: Кога би погрешила, би се извинила
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска повторно беше запрашана за нејзините изјави кон пратеничката Славјанка Петровска за време на минатонеделната седница за пратенички прашања. Министерката беше обвинета дека ја навреди пратеничката за нејзината семејна состојба.
-Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говорницата и како беше интерпретирано. Неколку пати повикав на тоа луѓето дa ја услушуваат целата комуникација во Собранието и самите да носат заклучоци. Во однос на извинувањето, го кажав својот став – кога би погрешила, би се извинила. Воопшто немаше ништо тенденциозно ниту некаква намера. Јас зборував за трошоците за живот и врз основа на тоа не би сакала да коментирам понатаму на таа тема, рече денеска Димитриеска Кочоска по потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет.