Објавено на:

Нетанјаху: Израел го прифати, но Хамас го одби планот на Виткоф за примирје во Појасот Газа

t

Премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху синоќа изјави дека Тел Авив го прифатил планот на американскиот пратеник Стив Виткоф за продолжување на примирјето во Појасот Газа, но Хамас го одбил.

– Според планот на Виткоф, половината од заложниците би биле ослободени веднаш, а другата половина би била ослободена кога ќе се постигне договор за траен прекин на огнот, посочи Нетанјаху.

Според него досегашните позиции на Хамас, кој го одби планот, се неприфатливи.

Нетанјаху истакна дека Израел вчера го блокирал влезот на помошта во Појасот Газа бидејќи Хамас наводно ја крадел помошта и ја користел за финансирање на „терористички“ планови.

Тој повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп е „најголемиот пријател што Израел некогаш го имал во Белата куќа“, кој извршил притисок за ослободување на заложниците.

Израел се согласи со планот на Виткоф за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на периодот на Рамазан и Пасха, според кој Израел би можел да продолжи со борбите по 42 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…