Објавено на:

Уапсен кичевец, возел автомобил без регистарски таблички под дејство на алкохол

t

Вчера во 23.00 часот полицијата го уапсила 36-годишниот Н.К од Кичево на пресекот на улицата „Магистрален пат“ со булеварот „Железничка“ во Кичево,

„При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „Рено“ без регистарски таблички, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај“, информираа од МВР.

Од полицијата велат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Почина хрватската новинарка, писателка и колумнистка Ведрана…

Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан почина…

Москва му се заканува на Лондон по…

Москва го предупреди британскиот владин врв за…

Цела ноќ се гаснеше огнот во прилепско…

Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…