Руски напад врз Криви Рих: Четворица загинати, 31 повреден
Четири лица загинаа, а 31 се повредени во руски ракетен напад врз украинскиот град Криви Рих, кој се случи доцна синоќа. Спасувачките екипи утрово продолжија со потрагата по преживеани под урнатините.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нападот погодил хотел во кој неодамна се сместиле хуманитарни работници од Украина, САД и Велика Британија.
-Спасувачката операција во Криви Рих траеше цела ноќ. Балистичка ракета го погоди хотелот, а непосредно пред ударот таму се сместиле хуманитарни волонтери. Среќа во несреќа е што тие успеале навреме да ги напуштат собите. За жал, четири лица загинаа. На семејствата на загинатите им изразувам длабоко сочувство, напиша Зеленски на Телеграм.
Според гувернерот на Днипропетровската област, Серхиј Лисак, 14 од повредените се во тешка состојба. Украинските спасувачи соопштија дека досега извлекле 19 преживеани од под урнатините.
Освен хотелот, оштетени се 14 станбени згради, пошта и 12 продавници. Во друг руски напад со дрон врз североисточниот град Суми, загина едно лице, а оштетен е магацински комплекс.
Украинската армија соопшти дека Русија во текот на ноќта истрелала две балистички ракети и 112 дронови врз Украина. Напади со беспилотни летала погодиле и енергетска инфраструктура во регионот на Одеса, каде што се повредени двајца цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доцна синоќа регистриран земјотрес во охридско-струшкиот регион
Земјотрес со магнитуда од 2,0 степени според…
56-годишен Србин загина откако се обиде да…
Трагичен инцидент го потресе Сарти на Халкидики,…
Златото повторно во пораст: цената достигна 4.384…
Цената на златото на светските пазари повторно…
На денешен ден во 1992 година Македонија…
Периодот по осамостојувањето на Македонија беше обележан…
Трамп го брани Инфантино: „Ако го смените,…
Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана…