Османи: Мицкоски нека направи пола од тоа што јас имам направено за македонскиот јазик, Албанците ќе му бидат благодарни
Екс министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил се јави со реакција по повод изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.
Тој му порача дека доколку направи пола од тоа што тој го направил за македонскиот јазик, Албанците ќе му бидат благодарни.
„Македонскиот јазик прифатен во ЕУ и преговарачката рамка без никаква фуснота Потпишан првиот договор со ЕУ каде се признава македонскиот јазик (ФРОНТЕКС) За меѓународната афирмација на македонскиот јазик имам повеќе јас направено отколку било кој од нив. Нека направи Премиерот Мицковски за албанскиот јазик половина од тоа што јас имам направено за македонскиот, Албанците ќе му бидат многу благодарни, но уште поважно, нека не го загрозува тоа што други пред него го направиле“, вели Османи.
Инаку, претходно Мицкоски истакна дека човекот кој го распродавал неговиот идентитет не го почитува ни својот албански јазик.
„Претпоставувам дека претседателот го укорил својот потпретседател бидејќи му нанесува непоправлива штета со таа изјава по два основи. Првиот основ е директно мешање во правосудниот систем на една држава што е спротивно од било какви демократии кои што познава современото човештво. Човекот кој што преговараше и го распродаваше мојот македонски идентитет и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува затоа што тој ако мене не ме почитува, не го почитува ни својот мајчин албански јазик“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…