Клучна фаза во судењето за убиствата на Вања и Панче: Што ќе открие снимката од банката?
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судскиот процес против петтемина обвинети за киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На денешното рочиште одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо ќе презентира снимка од експозитура на Халк банка во Буњаковец, која според нив треба да му обезбеди алиби за критичниот ден.
На претходното рочиште, адвокатите на Палевски побараа снимката да биде изведена како доказ, но Обвинителството се спротивстави, тврдејќи дека од нивните докази се гледа дека тој во 10 часот по убиството се враќа во седиштето на партијата Десна.
„Не може истиот да биде на две места во исто време“, изјави адвокатот Јовица Страшевски, тврдејќи дека снимката и уплатницата од банката ќе потврдат дека Палевски бил таму повеќе од 20 минути.
Судијата Ивица Стефановски ја прифати снимката како доказ, но го одби барањето на одбраната да се побараат податоци од Телеком за локацијата на телефонот што го користел обвинетиот.
На минатото рочиште како сведок на одбраната сведочеше полициски службеник од СВР Велес, кој учествувал во потрагата по Панче Жежовски и одземањето на оружје од домот на обвинетиот Боре Видевски.
Судењето продолжува со испитување на обвинетите, а следните рочишта се закажани за 12, 17, 19, 24 и 26 март. Прв ќе сведочи Велибор Манев, а потоа и останатите обвинети, вклучувајќи го и Палевски.
Обвинението тврди дека обвинетите испланирале киднапирање на Вања за да изнудат откуп, а Панче бил грабнат во Велес за да му го одземат возилото „Ситроен“, кое потоа било користено за киднапирање на девојчето.
Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а нивните тела беа пронајдени на 3 декември во близина на Скопје и Велес. Случајот ја потресе јавноста и се очекува судењето да донесе клучни одговори за мотивите и одговорноста на обвинетите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…