(Видео) Мицкоски за набавката на манго и папаја: Од водзух не можеме да живееме – сите постиме!
Премиерот, Христијан Мицкоски ја шокираше македонската јавност со денешната изјава дека во Владата не можат да живеат од воздух, па поради тоа морале да набават 600 кг банани, 600 кг ореви, манго, папаја, аспарагус и останати егзотични зеленчучици.
-Не знам дали тоа се точни информации. Ќе проверам и ќе ви дадам одговор. Но, прочитав во некои медиуми дека се набавени 600 килограми банани. Јас банани не јадам, но ќе го проверам сето тоа. Ако е целта да најдеме нов начин и нова формула во Владата ако може на воздух да се живее, еве јас ќе ви кажам дека сега во месец на рамазански и велигденски постови, внимаваме каква храна конзумираме. Конкретно јас постам и знам дека голем дел од колегите го прават истото, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот нагласи дека во наредниот период ќе „внимаваат на овие трошења да ги сведат ако е можно на нула, за да не предизвикаат такви реакции…“.
За жал на премиерот после набавката на овошје СОЗР распиша тендери за набавка на октопод, лосос, разни морски плодови, па дури и јунешки бифтек од теле не постаро од 24 месеци…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Иранскиот министер за нафта поднесе оставка
Иранскиот претседателски кабинет објави оставка на министерот…
Новиот филм на Том Круз со катастрофален…
Новиот филм на Том Круз, „Дигер“, забележа…
Вучиќ: Курти, Ѓукановиќ и Пленковиќ – сите…
Александар Вучиќ – носителот на листата „Александар…
Израел оштетил повеќе од 80 проценти од…
Израелските сили оштетиле повеќе од 80 проценти…