Затворени три маркети, аптека и увозници на овошје и зеленчук: Имале маржи и до 70 отсто

t

Осум правни субјекти, меѓу кои три маркети, една аптека и тројца од најголемите увозници на овошје и зеленчук, се соочуваат со затворање во траење од 15 дена поради непочитување на владините мерки за ограничување на маржите. Покрај привременото затворање, овие компании ќе бидат и парично казнети.

Како што информира директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, контролите покажале дека некои од овие субјекти остварувале маржи и до 70 отсто, што значително ги надминува утврдените ограничувања.

Дополнително, тој откри дека во моментов се обработуваат уште 30 предмети кои се однесуваат на различни големи маркети, а инспекторите продолжуваат со континуирани теренски контроли.

Инспекторите се постојано на терен и спроведуваат контроли без прекин. Во моментов работиме на 30 дополнителни предмети кои ги опфаќаат сите големи маркети – истакна директорот на Инспекторатот.

Сепак, неговата генерална оценка е дека мерките на Владата се почитуваат.

Од 24 февруари до 6 март се извршени 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо со што се опфатени над илјада малопродажни и големопродажни места. Притоа се констатирани вкупно 36 неправилности и се издадени прекршочни платни налози од 42 000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Абази го спаси Филипче

ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поранешниот министер за здравство…

Пожарите во Европа ќе се зголемат за…

Површината на опожарени подрачја во Европа до…

Во Албанија почнаа активности за референдум за…

Централна изборна комисија (ЦИК) на Албанија денеска…

Кривична против две лице и фирма: Незаконски…

Две лица и правно лице од струшко…

94 функционери казнети со по 300 евра…

Државната комисија за спречување на корупцијата на…