Нападнат српскиот министер за култура, го пцуеле и му рекле дека ќе го „на*ијат на кол“
Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ бил нападнат во петокот вечерта во Белград. Тој во саботата пријавил дека се чувствува добро, објави српската државна телевизија РТС.
„Непознато лице ме нападна во грб“, изјави денеска Селаковиќ за РТС, прецизирајќи дека бил удрен по главата, а инцидентот се случил во петокот вечерта додека одел кај родителите.
Тој посочи дека човекот што го нападнал пцуел и му се заканил дека „ќе ги набие на кол“, мислејќи, според неговите зборови, на „тие од Српската напредна странка“ на претседателот Александар Вучиќ.
Селаковиќ рече дека го пријавил инцидентот во полиција.
Вучиќ, премиерот во оставка Милош Вучевиќ и министерката за правда Маја Поповиќ го осудија инцидентот, пишува „Блиц“.
Српскиот претседател рече дека сторителот ќе биде уапсен денеска бидејќи тој се гледа на видео.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, за ТВ Парва изјави дека од снимка од камера, полицијата затекнала лице за кое се сомничи дека синоќа физички го нападнало министерот Селаковиќ и посочи дека се работи на идентификување и апсење на осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Селаковиќ на одбележување на Кумановската битка: Никој…
Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и…