Филипче од Струмица: Мицкоски сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго

t

Имаме неодговорна власт, која сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот Осмомартовски марш во Струмица.

„Така држава не се води, СДСМ водеше сметка за стандардот, за платите, за работните места.Македонија и македонскиот народ заслужува одговорна власт, заслужува власт како што бевме ние, заслужува власт, како што во најтешките кризи, кога владата ја водеа Зоран Заев, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски. Ниту еден граѓанин не беше оставен по страна, нагласи Филипче.

При тоа тој посочи дека СДСМ ќе продолжи да се бори за подобрување на стандардот на граѓаните како и за економско јакнење на жените.
„И денес како опозиција се бориме за подобрување на животниот стандрад и нема да отстапиме од барањата за зголемување на минималната плата, која влијае врз економската сила на жените“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче од осмомартовскиот марш, кој годинава се одржува под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…

(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…

Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…

Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…