ЕУ очекува Србија да ја усогласи надворешната политика на со Унијата!
„Србија е земја кандидат и преговара за членство во ЕУ. Тоа значи дека земјата мора да се придвижи со правото на ЕУ, вклучително и усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика и рестриктивни мерки против Русија.
Србија, како доверлив европски партнер, мора да ги дели истите принципи и вредности“. Ова се наведува во писмената реакција на портпаролот на Европската комисија испратена до радиото „Гласот на Америка“ по повод вчерашниот разговор меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин.
Самиот Вучиќ рече дека разговарал, меѓу другото, за обновувањето на договорот за гас, кој истекува на 31 мај, за решавање на прашањето на НИС/Српската нафтена компанија, која е во сопственост на Газпром, уред./, која е загрозена од американските санкции. Вучиќ се пофали дека тој и Путин разговарале и за „Шарените револуции“.
Вучиќ потврди и дека ќе присуствува на комеморацијата по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, што ќе се одржи во Москва на 9 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…