Голем пожар во близина на Њујорк, прогласена вонредна состојба
Гувернерот на државата Њујорк, Кети Хокул, прогласи вонредна состојба во округот Сафолк поради пожарот што го зафати Лонг Ајленд, пренесоа американските медиуми.
Огнената стихија не попушта, а силниот ветер, кој според прогнозите ќе трае до доцните вечерни часови, го отежнува гаснењето на пожарот, пренесува ABC News.
Извештаите потврдија дека локалните патишта на Лонг Ајленд се затворени поради пожарот, дека густ чад се шири над островот и дека населените места се во состојба на готовност.
Гувернерот на Њујорк потврди дека Националната гарда на Њујорк обезбедува воздушна поддршка со хеликоптери и ги координира своите активности со локалните органи за спроведување на законот, нагласувајќи дека безбедноста на жителите на Лонг Ајленд е приоритет.
„Првиот пожар избувна во саботата околу 13 часот, а уште три избувнаа во текот на денот“, потврди директорот на округот Сафолк Ед Ромен на прес-конференција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…
Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…
Родителите на нападнатите деца во Тетово се…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…
(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…
Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…