ЛДП бара поставување на фотоволтаици во општинските јавни установи

t

Советниците на ЛДП во општинските совети, при составувањето на ребалансите за оваа година и за новите буџети во идната година, ќе достават предлози со кои ќе побараат поставување на фотоволтаици на секоја јавна општинска установа.

Сметаме дека ваквиот предлог е корисен, практичен и лесно спроведлив од повеќе аспекти: Ќе се произведува електрична енергија од обновливи извори, со што ќе се заштити животната средина и значително ќе се намали загадувањето на воздухот во околината и ќе се заштедат финансиски средства за секоја установа, средства кои ќе може да се пренаменат за други, корисни проекти на установата, вели Филип Јакимовски, претседател на Градската организација на Либерално-демократската партија.

Според Јакимовски, со отстранувањето на досегашните извори на енергија кои загадуваат и поставувањето на фотоволтаици ќе се придонесе за поздрава и почиста животна средина, а со продажбата на вишоците на струја ќе се оствари дополнителен финансиски профит за институцијата.

Од ЛДП сметаат дека поставувањето на фотоволтаици на установите е проект кој не чини многу, нема да одземе многу време, а придобивките се повеќекратни и корисни за сите.

Пресметките за досега поставените фотоволтаици покажуваат дека сметките за струја се намалуваат помеѓу 50-60% и целокупната инвестиција се враќа за 5-6 години. Со оглед на тоа дека рокот на траење на овие панели е околу 20 години, тие 14-15 години произведуваат електрична енергија исклучиво за инвеститорот, додава Јакимовски.

Со цел подигнување на свеста на граѓаните и побрзо реагирање од страна на надлежните, во периодот што следи сите советници во локалните совети кои се од редовите на ЛДП ќе покренат вакви иницијативи во своите општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…