Лекорни: Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина
Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите руски средства за да го финансира купувањето оружје за Украина во вредност од 195 милиони евра, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни во интервју за економскиот неделник „Трибјун“.
Тој рече дека Франција, исто така, планира да предаде на украинската армија некои од своите постари оклопни борбени возила, како што се AMX-10RC и борбените возила на пешадијата.
„Благодарение на каматата за замрзнатите руски средства, ќе искористиме нови средства во вредност од 195 милиони евра“, рече Лекорни, прецизирајќи дека парите ќе бидат искористени за набавка на гранати од 155 милиметри и наведувани проектили за борбените авиони Мираж 2000 што Франција и ги подари на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…