Објавено на:

Српските студенти од Ниш тргнаа пеш кон Белград за протестот на 15 март, Вучиќ најави апсења ако има немири

t

Српските студенти од Универзитетот во Ниш, тргнаа пеш кон Белград на најавениот голем протест што ќе се одржи на 15 март, јавува српски Н1.

Најавено е дека студентите ќе пешачат прво до Свилајнац, потоа до Смедеревска Паланка, Пожаревац, Смедерево, Баваниште, Панчево и до Белград.

Студентите кои се пријавиле да патуваат до Белград со велосипед ќе тргнат на протестот в понеделник на 10 март.

Велосипедистите ќе патуваат по патеката што води од Ниш преку Вукашиновац, Крушевац, Мрчајевци, Чачак, Горњи Милановац, Љиг, Лазаревац и Обреновац, до Белград.

Од манастирот Манасија тргнаа околу 500 студенти.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува опозицијата да „организира големо насилство“ на собирот во Белград во сабота и дека „сите што ќе учествуваат во тоа ќе бидат уапсени“, и наведе дека апсењето на сторителите „ќе трае 15 минути, час или два, бидејќи државата ќе знае да се однесува како држава и тука нема никаква филозофија“.

– Знаат дека крајниот рок им е сабота и тоа го покачија на ден Д. Ќе повикаме на мир, но јас ги познавам одлично, рече Вучиќ за време на посетата на манастирот Архангел Гаврил во селото Кусадак, на почетокот на обиколката на Јужнобанатскиот и Подунавскиот округ.

Како што пренсе Бета, тој рече дека верува оти студентите во блокада се „попаметни од овие несреќни опозиционери и знаат дека ова не смее да биде Ден Д“ и дека не треба да учествуваат во тоа, а подоцна да продолжат со своите акции додека не се исполнат нивните барања и да останат запаметени како победници, наместо по насилство.

Вучиќ нагласи дека „нема ништо од обоената револуција“ и дека книгата, како успеал да ја победи, ќе ја заврши во текот на летото бидејќи веќе ја има направено корицата и неколку страници, наведувајќи дека тоа ќе биде „форма на учебник без романтизам за да им служи на слободољубивите народи во светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…

(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…

Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…

Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…