Објавено на:

Додик ја избриша објавата на „Икс“ во која ги отфрли критиките на Рубио кон властите на РС – еве што напиша

t

Повеќето портали во Босна и Херцеговина (БиХ) денеска објавија дека претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, вчера многу брзо ја избришал објавата на социјалната мрежа Х, во која претходно реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Марк Рубио.

Руби претходно на таа социјална мрежа оцени дека постапките на Додик „ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“.

Реагирајќи на Икс, Додик, означувајќи го американскиот државен секретар, изјави дека изјавата на Рубио е рецидив на поранешната американска администрација.

„Тој може да биде божество, а не американскиот секретар. Би било убаво да се прочита што се случува овде, а не само да се преземат лажните наративи што беа конституирани во администрацијата на (поранешниот американски претседател Џозеф) Бајден“, напиша Додик.

Потоа многу брзо ја избриша оваа објава од својот профил на Икс.

Претседателот на опозициската Листа за правда и ред, Небојша Вукановиќ изјави дека Додик „го избришал твитот, наивно мислејќи дека ќе ги избрише сите свои грешки и дека Вашингтон и американската амбасада во Сараево нема да ја разберат неговата порака“.

Тој оцени дека пораката на американскиот државен секретар е „последниот удар врз балонот од хартија, во што се претвори владејачката коалиција во Република Српска, а во нејзините редови навлезе паника“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…