Објавено на:

Срѓан Миливојевиќ: Вучиќ ќе почне да апси претставници на опозицијата, ама нема да не исплаши

t

Приведувањето на Немања Шаровиќ е само увертира во засилената репресија и најавите за нови апсења. После Шаровиќ знаеме дека „исплашениот глушец“ планира апсење на некого од опозицијата. Со тоа нема да го одвлече вниманието од бунтот на студентите и граѓаните, напиша претседателот на Демократската партија и пратеник Срѓан Миливојевиќ на социјалната мрежа Икс.

Тој во разговор за „Нова“ вели дека против него моментално се водат одредени предистражни постапки и дека полицијата му барала да му го одземе оружјето што го имал со дозвола.

Полицијата во Србија вчера го уапси Немања Шаровиќ, водител на КТВ, кој за телевизијата известуваше од кампот на студентите што се наоѓа во „Пионирскиот парк“. Како што може да се види од снимката што е емитувана во живо на телевизијата КТВ, тој ги снимал студентите 2.0, кои во еден момент го полија со кафе. После апсењето и протестите пред полициската станица, Шаровиќ беше пуштен.

Но против него ќе биде поднесена прекршочна пријава поради „непристојно, дрско и безобразно“ однесување, како што соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

По тој повод се огласи пратеникот Срѓан Миливојевиќ. Како што напиша на „Икс“, ова не е единственото апсење што граѓаните на Србија може да го очекуваат во иднина. Меѓу уапсените според него, ќе бидат и претставници на опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…