Големи промени во Хрватска: ХДЗ веќе не е партија со највисок рејтинг
Има голема промена во врвот на политичките преференции во Хрватска, поради што владејачката ХДЗ треба да биде многу загрижена, особено пред локалните избори во мај. Според најновиот „Кродемоскоп“, истражување на РТЛ, ХДЗ е истисната од првото место меѓу преференциите на гласачите за прв пат по пет години.
Опозициската СДП има 26,3 проценти поддршка, а ХДЗ 26,1. Трета е Можеме!, со 10,2 отсто. Така сега разликата меѓу двете главни партии е 0,2 процентни поени. Иако ова е сфера на статистичка грешка, последен пат во Хрватска ваков политички распоред СДП-прва, ХДЗ-втора, беше во март 2020 година, во пресрет на заклучувањето и карантинот поради кризата со ковид.
Незначително порасна и коалицискиот партнер на СДП во Загреб, Можеме!. кој цврсто го држи третото место. Само десничарската Мост сè уште е над прагот од пет проценти, но секако сè е поинаку на локалните избори, каде партиите кои имаат само неколку проценти поддршка не мора да се грижат толку за своите резултати и мандати – како што се Татковинското движење и Домино, особено во Славонија, ИДС во Истра. Неопределени има два отсто помалку отколку во февруари – сега се 15 отсто.
На листата на најпозитивни политичари позитивниот впечаток на претседателот Милановиќ пораснал за два отсто, додека рејтингот на премиерот Пленковиќ паднал за два отсто. Во надолен тренд е и градоначалникот на Загреб, Томашевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…