Објавено на:

Грчки пратеник јавно се извини откако на пратеничка ѝ кажа „Оди, раѓај“ во парламентот

t

Димитрис Кирјазијадис, избрканиот пратеник на владејачката Нова демократија, јавно се извини на социјалните мрежи зашто ја навредил лидерката на партијата Курсот на слободата Зое Константопулу, поради што беше исклучен од парламентарната група на неговата партија.

За време на тридневната дебата за доверба на владата во парламентот, Кирјазијадис извикал „Оди, раѓај“ додека Константопулу се обраќаше од говорницата. Поради ова, Нова демократија вчера го избрка Кирјазијадис од својата пратеничка група.

Тој во своето извинување не ја спомна директно Константопулу и кажа дека неговото однесување не ги одразува неговите вредности.

„Како сопруг, татко на четири деца, но, пред сѐ, како човек кој ги почитува жените сакам искрено да се извинам за зборовите што ги кажав во петокот во парламентот на Грција“, рече Кирјазијадис.

Гласањето за доверба на владата го покрена опозицијата поради владиното справување со тешката железничка несреќа кај Темпи во 2023, во која загинаа 57 луѓе.

„Моето однесување беше резултат на акумулиран гнев бидејќи еден политичар постојано нѐ обвинува дека сме убијци и криминалци. Сепак, ова не ги оправдува мојата реакција и зборовите што ги употребив. Беше лош избор на зборови во тој момент, ништо повеќе“, рече Киријазидис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…