Објавено на:

Кина казнета со 24 милијарди долари поради прикривање информации за коронавирусот

t

Судот во американската сојузна држава Мисури ги прогласи кинеските власти за одговорни за прикривање информации за ширење на коронавирусот и изрече казна од над 24 милијарди долари, пишува Њујорк Тајмс.

Тужбата беше поднесена од канцеларијата на јавниот обвинител во Мисури во април 2020 година, на почетокот на пандемијата.

Судијата Стивен Н. Лимбо Џуниор пресуди дека „Кина го измами светот за опасностите и обемот на пандемијата на коронавирусот“ и дека „се впуштила во монополистички акции на складирање лична заштитна опрема“, наведува весникот, повикувајќи се на пресудата.

Потезите на Кина ги оневозможија САД веднаш да одговорат на пандемијата и да купат доволно заштитна опрема за здравствените работници, се вели во пресудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…

(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…

Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…

Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…

Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…

Трајанов: Сега е времето да ги бараме…

Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…