Објавено на:

Зеленски му се извинил на Трамп

t

Володимир Зеленски му се извини на Доналд Трамп за инцидентот во Овалната соба на Белата куќа во писмото што го испрати до американскиот претседател, изјави за Фокс њуз специјалниот пратеник на американскиот лидер Стив Виткоф.
„Зеленски испрати писмо до претседателот. Тој се извини за целиот инцидент што се случи во Овалната соба“, изјави Виткоф за Фокс њуз во понеделникот.


„Мислам дека тоа беше важен чекор и имаше многу дискусии меѓу нашите тимови и Украинците и Европејците кои исто така се вклучени во оваа дискусија“, додаде тој.
Виткоф рече дека смета дека е „напредок“ тоа што Зеленски му испратил на Трамп писмо во кое се извинува за бурната средба.
Оваа недела американските и украинските претставници ќе се сретнат во Саудиска Арабија за да ги продолжат мировните преговори за ставање крај на конфликтот со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…