Oд далеку личат ама далеку од слични – Милошоски тврди: Позициите на власта за САД и ЕУ биле слични на оние на Орбан
Потпретседателот на Собранието и висок член на ракводството на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, вечерва откри дека македонската влада имала слични позиции кон САД и ЕУ како унгарската влада на чело со Виктор Орбан.
Гостувајќи во Дневникот на „Сител“, Милошоски ги поистовети блиските односи на ВМРО-ДПМНЕ со партијата Фидес со односите меѓу Македонија и Унгарија.
„Нашите позиции во однос на САД и ЕУ се слични со позициите кои ги има Унгарија во моментов. Имавме и неодамна заедничка конференција, јасно е дека се блиски односите и може да се каже традиционално, на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на владата на Виктор Орбан, за Унгарија да направи што може за да ни помогне во спорот којшто го имаме“, рече Милошоски.
Во меѓувреме, унгарската европратеничка Клара Добрев од опозициската Демократска коалиција денеска изјави дека Унгарија никогаш не била толку блиску до напуштање на Европската Унија и приклучување кон руската сфера на влијание.
На прес-конференција одржана онлајн, Добрев го коментираше неодамнешниот предлог на лидерот на парламентарната група на владејачката партија ФИДЕС, Мате Кочиш, за измена на уставот што би овозможила протерување на граѓани со двојно државјанство од Унгарија.
„Ако владата сака да го усвои овој амандман, тогаш Унгарија прво мора да ја напушти Советот на Европа“, рече Добрев, нагласувајќи дека според Европската повелба за човекови права, државјаните не можат да бидат протерани од својата земја.
Според агенцијата МТИ, Добрев оценила дека ФИДЕС само „измислува изговор“ за напуштање на Советот на Европа, што може да биде чекор кон излегување од ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…