Објавено на:

(Видео) Вучиќ го прекина Дачиќ пред камери: „Веќе не можам да го слушам ова“ и ја напушти просторијата

t

Протестите на студентите во Србија добија нова димензија синоќа, откако група демонстранти ја блокираа зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) во Белград. Причина за радикалниот чекор беше навредливиот коментар на водителот на државната телевизија, кој во интервју со претседателот Александар Вучиќ ги нарече студентите „расип“.

Напнатата ситуација кулминираше кога припадниците на Жандармеријата употребија сила за да ги растераат демонстрантите. На снимките кои брзо се проширија на социјалните мрежи, се гледа како полицајци ги удираат студентите со палки, па дури и во главата.

И покрај очигледните снимки, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ негираше дека имало полициска интервенција.

„Претседателе, ако можам само да кажам дека бидејќи некои медиуми веднаш почнаа да лажат, немаше полициска интервенција, како и секогаш“, изјави Дачиќ додека Вучиќ стоеше до него.

На ова, српскиот претседател видно изнервиран одговори: „Веќе не можам да го слушам овој изговор“ и ја напушти просторијата. Подоцна, Вучиќ дополнително ги нападна студентите, нарекувајќи ги „болшевички пленумци“, тврдејќи дека тие нападнале полицаец.

Студентите најавија 22-часовна блокада на зградата на РТС и повикаа на масовен протест во Белград на 15 март. Според нив, ова ќе биде најголемиот протест досега, на кој се очекува да им се приклучат граѓани од цела Србија, револтирани од неодамнешните трагедии и начинот на кој властите се справуваат со кризите.

Демонстрациите, кои траат веќе со месеци, стануваат сѐ поинтензивни, а синоќешните настани дополнително ги зголемија тензиите меѓу студентите и власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…

Дронови и мистериозни балони на небото над…

Москва наводно била цел на напади со…

Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…

Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…

Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…