(Видео) Каква дволичност: Како ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваше ССМ во опозиција

t

Македонската јавност е сведок на постојани напади кон синдикатите поточно Сојузот на синдикати на Македонија и неговиот претседател Слободан Трендафилов од страна на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Христијан Мицкоски и структуи во власта откако синдикатите побараа минимална плата од 500-тини евра.

Но односите не во минатото не беа такви, па така ВМРО-ДПМНЕ постојано даваше поддршка на барањата на работниците ама додека беше во опозиција, денес ВМРО-ДПМНЕ како власт не престанува со нападите врз синдикатот.

Ова видео е таков еклатантен пример во ситуација кога синдикатите протестираа пред Собрание, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ излезе од Собранието да ги слушне нивните барања и да им даде поддршка.

После овој случај погоре на видеото на покана на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се одржа средба помеѓу претставници на Сојузот на синдикати на Македонија и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски и Дафина Стојаноска.

Како што инфомираат од ССМ, на средбата се разговарало за предлог-амандманот кој Сојузот го достави до пратеничките групи со цел истите да го достават до Собранието, а со чие усвојување би се утврдиле измените и дополнувањата во Буџетот за 2022 година, односно би се обезбедиле средства за зголемување на основната нето-плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…

ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…

Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…