Објавено на:

Хрватскиот министер за одбрана: Подготвени сме да реагираме во случај на непосредна закана од војна во Босна и Херцеговина

t

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ ја коментираше новонастанатата ситуација во БиХ, по првостепената пресуда на Судот на БиХ против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и оцени дека ова е најпредизвикувачкиот безбедносен момент за Хрватска од Татковинската војна и додаде дека нема дилема.
„Од крајот на сите конфликти во областа на Југоисточна Европа, оваа ситуација се вжешти, нема дилема“, изјави Анушиќ за ТВ „Дневник Хрватске Нова“.


На прашањето дали има подготвена реакција во случај на непосредна закана од војна, Анушиќ одговара потврдно.
„Има планови, стратегии, ова е нашето соседство. Тоа е многу сериозна ситуација, треба да се подготвите за сите сценарија“.
Тој вели и дека е рано да се зборува за заедничка армија на Европската унија.
„Тоа мора да биде во рамките на НАТО. Ако Унгарија каже не, како што ја прекинала неколку пати досега, а има и други земји, мора да има модел и начин на кој ќе кажете, тогаш постапката оди без вас. Но, тоа бара некои други прилагодувања“, изјави Анушиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…