Манев: Дупката ја ископавме заедно Влатко Кекишев, целта беше да се чуваат грабнатите лица додека не се исплатат пари
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата е Велибор Манев кој е обвинет како соизвршител, а на товар му се ставаат кривичните дела грабнување, две убиства на свиреп начин од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие.
Во карирана кошула застана пред судскиот совет и започна со неговиот распит. Рече дека ќе се обие да каже се и тоа да се запише на записник. На почеток го распитува неговиот бранител Горан Бошевски.
„Со Боре Видевски се познавам од дете од основно. Со Љупчо Палевски се познавам од 2018 година тогаш стапивме во Фејсбук пријателство откако тој имаше потреба од набљудувачи за избори. Подоцна пристапив и во канцеларија така се запознавме и лично, подоцна се приклучив на партијата Трета, и од тогаш до денеска еве сум овде, со неговото знаење и познавање. Со Влатко Кекишев се знам неколку години, беше и тој дел до партијата Трета. Беше како готвач, домаќин, му ги одржуваше канцелариите на Трета и му готвеше на Љупчо Палевски. После тоа дојде тука затоа што му ја даде довербата на Љупчо Палевски, му готвеше без надомест“, рече Манев.
Бошевски: Дали го познавате Александар Ѓорчевски?
Манев: Не ниту го знам ниту го познавам, ниту некогаш сум го видел.
Бошевски: Дали го познававме сега покојниот Панче Жежовси?
Манев: Да го познавав. Работев на негова куќа, пред 15-16 години тогаш ме измами, не ме измами туку едноставно не ми ги плати средствата што требаше да ми ги даде за завршена работа. Бараше камења скапи да се лепат на неговата куќа, резбани, тоа се најскапи во градежништвото. Ми остана должен 1500 евра. Тој кажал на неговите дека должи 500 евра, а всушност беа 1500. Се скаравме тогаш, потоа извадив јас 12-13 квадрати од бекатон плочките што му ги редев, па тој повика полиција, направија записник, ме опоменаа дека не смеам така да постапувам, дигнав раце од се тоа и толку. Уште еднаш отидов кај него во фризерницата, му побарав уште еднаш парите што ми ги должи, ме избрка, дојдов до степен да го тепам, но не го сторив тоа, дигнав раце и оставив на Господ. Тоа беше сè од контактот и познавањето со Панче.
Бошевски: Кој ги однесе полицајците од СВР Велес и СВР Скопје до местото каде е пронајдено телото на Панче Жежовски?
Јас.
Кој ја ископал таа дупка?
Јас ја копав заедно со Влатко Кекишев.
За која цел?
Целта беше да се чуваат грабнатите лица и да потоа да се пуштат на слобода откако ќе се изврши наплата.
Манев најпрво одговора на прашања на неговиот бранител Горан Бошевски.
Бошевски: Објасенете за грабнување на кои лица се работи?
Манев: Првично требаше Панче Жежовси да биде грабнат, да биде спуштен во дупката, врзан за бетонски тег со ланец за ногата и тегот, за да не може да се искористи неговото возило, да се искористи неговото возило за грабнување на особа жена од 38-40 години возраст и откако ќе се грабне таа, Панче да се извади од дупката, да се направи замена на грабнатите, Панче да се пушти со колата да си замине и да се остави жената во дупката.
Бошевски: Кога е ископана земуницата?
Манев: 2022 година е копана, една година пред се ова.
Бошевски: Со кого договаравте киднаприање на Панче Жежовски?
Манев: Привчно баравме објект каде ќе бидат чувани грабнатите лица. Но бидејќи не најдовме, едно попладне бев во канцеларија, во канцеларијата на Трета кај Шампионче во Кисела Вода. Палчо ми предложи да го оставам телфонот во канцеларија и да се прошетаме некаде. Кога излеговме од канцеларијата ми рече дека објект тешко може да се најде и да одредиме место каде ќе биде земуница, локација каде ќе може да ги чуваме грабнатите лица. Откако го најдовме местото, тој реши дека тука треба да се направи земуницата, тоа се направи и еден период да ја оставивмеда се замаскира од самата природа. Одлуката за грабнување на Панче Жежовски некаде одколку месец и пол пред гранувањето на лицата, бараше кола, необележана, украдена или слично. За да може да го извршиме грабнувањето. Автомобил за да може да биде грабната жената, за да не се препознае. Ние не најдовме таква кола и по предлог на Палчо почнавме да бараме пензионер сам кој ќе може да го искористиме за да му ја земеме колата и потоа да биде пуштен на слобода. Во канцеларија седевме и дојде на ум борчот на Панче Жежовски. Му кажав дека има тука еден кај мене кој ме зафркнал кој ме измамил, што ми го земал лебот па може да го искористиме тој човек за целите на грабнување.
Кои други лица се приклучија во грабнувањето?
Во прицип на почетокот бевме јас, Палчо и Влатко Кекишев. Ние ја копавме дупката. Ни фалеше уште еден човек и размислив Боре беше нон-стоп со мене и му прелдожив да оди да разговара со Палчо за ова. Ако сака да пристапи како член на групава.
Дали се приклучи во групата?
Да.
Како и кога го грабнавте Панче Жежовски?
Панче Жежовси го грабнавме на 23.11. Мислам. Тоа го имаше и на камерите кога се доаѓа кај него. На 22-ри дојдоа Палчо и Влатко Кешишев наводно да го провери местото, како е што е и дали може да се грабне.
Извор: 4news
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…