(Видео) Мисајловски се пишмани: Војници во Украина нема да има ама македонски мировни трупи можеби aко се побара од нас
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски се пишмани по однос на прашањето дали во мисија во Украина може да учествува македонската армија.
Македонскиот министер за одбрана, Владо Мисајловски, во интервју за Гласот на Америка истакна дека не гледа потреба од присуство на македонски војници на украинска територија. Според него, приоритет треба да биде постигнување мировно решение кое ќе гарантира долгорочна стабилност.
„Најважно е да се воспостави мир и да се дојде до взаемно решение кое ќе гарантира долгорочна стабилност. Паралелно со тоа, можеме да разговараме за натамошните форми на помош,“ изјави Мисајловски пред неколку дена.
Денес министерот го промени ставот па така не исклучува испраќање на македонски мировници во мисија во Украина по завршување на конфликтот.
-Нема да има македонски војници на украинско тло. Но, дали по завршувањето на војната и потребата за било каква помош – прво треба да го видиме како побарување. Различни земји имаат различно размислување. Никој досега не побарал од нас да има македонски војници, рече Мисајловски одговарајќи на новинарски прашања, запрашан дали е побарано од земјава да се испратат мировници кои ќе бидат испратени во евентуалната тампон-зона во Украина по извесно решение за прекин на огнот.
,
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја принудувал на полови дејствија, ја тепал…
На 05.11.2026 во СВР Куманово, 42-годишна жена…
Петмина тинејџери кривично ќе одговараат за бруталното…
Kривична пријава против петмината малолетници од Скопје…
Радев повторно се пожали дека „проблемите на…
„Европа мора да учествува во преговорите за…
Приведен маж од Кичево, возел автомобил без…
На 11.11.2026 во 21:30 часот на ул.„Магистрален…
Поскапуваат кредитите во Србија – централната банка…
Извршниот одбор на Народната банка на Србија…