Откажано лансирањето на „Спејс-Икс“ за замена на екипажот на МВС
„Спејс-Икс“ во последен миг го откажа лансирањето на ракетата за замена на посадата на Меѓународната вселенска станица, што требаше да го почне и долгоочекуваното враќање на американските астронаути Буч Вилмор и Сани Вилијамс.
Вилмор и Вилијамс се заглавени на МВС девет месеци по пристигнувањето со нефункционалниот „Боинг Старлајнер“. Воздухоплловно-вселенската компанија „Спејс-Икс“ вчера го откажа летот поради технички дефект и проблеми со лансирната рампа на ракетата, соопштија официјалните лица за време на директниот пренос од одбројувањето пред лансирањето.
Ракетата на „Спејс-Икс“ требаше да полета од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал вчера приквечер, со екипаж од двајца астронаути од САД и по еден од Јапонија и Русија. Времето на следната прилика за лансирање не е објавено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…