(Видео) 10-тици граѓани излегоа на прес-конференција: Дерман немаат од кравите кои биле “жртви на политички прогон”

t

Дали ова го заслужуваат граѓаните на Крива Паланка? Дали ова е благосостојба на животните и дали ова е нехумано третирање на животните и дали ова наликува на град којшто е урбан? – праша денеска на прес-конференција градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски во врска со вчерашната актуелна сторија со „трите земјоделки“ и „политичкиот прогон“ на кравите во Крива Паланка.

Државата и институциите мора да ги почитуваат законите и да ги спроведуваат во целост. Решенијата кои ги носи одредена институција мора да ги спроведува во целост. Пред точно една година на 05.03.2024 година Комисијата за одлучување по прекршоци при АХВ по извршениот вонреден инспекциски надзор кој констатирал дека не се обезбедени соодветни услови за чување на животните.

АХЦ вели дека за лицата се изрекува посебна мерка одземање на животните, објасни градоначалникот Митовски кој додаде дека Решенијата се извршни и правосилни, но прашање е зошто не се постапува по истите.

– Уште колку граѓаните на Крива Паланка ќе трпат штета? – праша градоначалникот кој истакна дека граѓаните се заложници на семејство кое се претставува како чесни земјоделци и сточари, но врши тортура на животните.

Градоначалникот истакна дека покрај штетите на приватен имот и земјоделски површини, има и повреди на луѓе и регистрирано е загадување на водата поради удавени говеда.

Граѓанка на Крива Паланка кажа дека едно од говедата ѝ скршило рака, а еден од сопствениците ѝ се заканил дека ќе ја убие ако го пријави.

– Не можеме да спиеме, немаме мир, истакна граѓанка.

Сведоштво сподели и друг граѓанин кој, како што кажа, од добитокот му бил уништен 7 декари земјоделска површина со земјоделски производи, а како што вели сопственикот му рекол дека никој ништо не им може.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривата кула во Италија се соочува со…

Една од „кулите близначки“ на Болоња од…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…

Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…

(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…

Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…

Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…

Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…