15-годишно девојче од Скопје уценувано со интимна снимка, таткото пријавил во полиција

t

50-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека неговата 15-годишна ќерка била уценувана од поранешното момче, кое без нејзино знаење снимило видео од сексуален однос, соопшти МВР. Уценувачот се заканувал дека ќе ја објави снимката на социјалните мрежи доколку девојката ја прекине нивната врска.

„На 12.03.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.„Н“, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос. Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…