Изјавата на Путин за Трамп е охрабрувачка, но некомплетна

Се надевам дека Русија ќе ја донесе правилната одлука и ќе се согласи на предложениот 30 дневен прекин на огнот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Изјавата на Путин, дека Русија во принцип се согласува со прекин на огнот, Трамп ја оцени како охрабрувачка, но некомплетна. Во исто време, се осврна и на забелешката на рускиот претседател, дека за договарање на примирје потребно е да се усогласат многу детали. Трамп рече дека тоа веќе и се прави.
„Многу од деталите за конечната спогодба веќе се дискутираат. Сега ќе видиме дали Русија ќе прифати, во спротивно тоа ќе биде многу разочарувачки момент за светот“ изјави Доналд Трамп – Претседател на САД.
Свесен дека има поголем простор за маневрирање од Зеленски, рускиот претседател да тргне со деликатен дипломатски пристап. Не го одби директно предлогот, не ризикувајќи да ги наруши тукушто обновените односи со САД, и во исто време не го прифати уште при првата понуда, за перцепцијата на светската јавност да не ја ослаби руската преговарачка позиција.
„Во зависност од ситуацијата на терен ќе се договориме за следните чекори во процесот за прекин на конфликтот и постигнување решение прифатливо за сите“ изјави Владимир Путин – Претседател на Руската Федерација.
Путин искусно ги идентификува слабостите во американскиот предлог, пред се инсистирањето на Американците прво да се договори примирје а потоа да продолжат разговорите за мировна спогодба. Поради тоа, Путин и ја отвора оваа низа прашања за природата на примирјето, кој ќе го контролира и дали Украинската армија ќе се повлекува. Со тоа, Путин ја враќа топката назад во рацете на Вашингтон и купува време за подобрување на ситуацијата на бојното поле.
На тоа предупреди и Зеленски во неговото вечерно обраќање. „Путин често го прави ова, ги забавува работите или прави нешто што ја прави дискусијата невозможна“, обвини украинскиот претседател.
„Сега сите ги слушнавме од Русија предвидливите и манипулативни зборови на Путин во одговор на предлогот за прекин на огнот. Тој всушност се подготвува да го одбие“ изјави Володимир Зеленски – Претседател на Украина.
Зеленски и Украина беа подложени на жесток притисок за да се согласат на американскиот предлог. Пристапот на Трамп кон добивање позитивен одговор од рускиот претседател е дијаметрално спротивен. Иако денеска рече дека е подготвен да се сретне со Путин, Трамп претходните денови предупреди дека е способен да ѝ предизвика голема економска болка на Русија, доколку ја одбие понудата за мир во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изјавата на Путин за Трамп е охрабрувачка,…
Се надевам дека Русија ќе ја донесе…
Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…
Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…
Еуроњуз: Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за…
Ерменија и Азербејџан го финализираа текстот на…
Зеленски: Путин се плаши да му каже…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…
Бугарскиот уставен суд го поништи изборот на…
Бугарскиот Уставен суд го прогласи за незаконски…