Паника во Србија: Дојава за поставени бомби ги запре сите возови!

Во 01:39 часот, компанијата „Србијавоз“ примила анонимна дојава за поставени експлозивни направи во меѓуградските возови во Србија, по што сообраќајот веднаш бил запрен од безбедносни причини, пренесе Еуроњуз.
„Од безбедносни причини, принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и на персоналот“, соопштија од „Србијавоз“.
Од компанијата истакнаа дека интензивно соработуваат со Министерството за внатрешни работи, кое ги спроведува потребните проверки за разрешување на ситуацијата.
Засега нема дополнителни информации за евентуално пронајдени експлозиви или за мотивите зад оваа закана.
Надлежните служби ги преземаат сите неопходни мерки за брзо и безбедно обновување на сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за лицата кои држеа мигранти во…
Вечерва судијата на претходна постапка при Основен…
Натпреварот Македонија – Велс почна со минута…
Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ –…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
На Хрватска и се потребни 70 илјади…
На Хрватска годинава ќе ѝ бидат потребни…
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…