Во пресрет на протестот во Белград, Синодот на СПЦ повика на прекин на поделбите и иницирање дијалог
Во очи на најавениот протест на 15 март во Белград, Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) ги повика сите кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани, да ги прекинат поделбите и да иницираат братски дијалог. Синодот на СПЦ, како што се наведува во соопштението, ги повикува вклучените во настаните да размислат за сопствените гревови и да покажат покајание за време на велигденскиот пост.
Оттаму изразуваат загриженост за најавите за можни конфликти на протестите и додаваат дека се многу загрижени поради тоа. Посочуваат оти насилството само го умножува насилството.
„Насилството нè воведува во маѓепсан круг во кој сите сме губитници, ги уништува темелите на општеството и создава нови поделби, подлабоки од веќе наследените. Да се запрашаме сите заедно – има ли малку поделби и несогласувања кај нашиот народ? Затоа, драги духовни чеда, ви се обраќаме и денес, како што секогаш сме правеле, ве молиме секој да прави што е во негова моќ за да го одржи мирот во нас и меѓу нас, се наведува во соопштението на Синодот на СПЦ.
СПЦ апелира сите без исклучок, од која и страна да доаѓаат, целосно да го отфрлат насилството од секаков вид.
„Ги повикуваме сите да го дадат својот придонес за упорно и непоколебливо да се изгради меѓусебна доверба и разбирање преку добронамерен дијалог на секое место – од семејството, преку работните колективи и образовните институции, до општествените и политичките организации“, се додава во соопштението.
Повикот на Синодот на СПЦ доаѓа во пресрет на најавениот масовен протест во Белград во сабота, на кој повикаа студентите кои се уште се во блокада на факултетите. Демонстрантите ќе протестираат под слоганот „15 за 15“, барајќи правда за смртта на 15 лица кои загинаа по пад на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад. Исполнувањето на нивните барања, како што велат студентите, е причина за овој собир.
Властите во Србија со денови најавуваат можни немири на најавените демонстрации, додека студентските организации се оградуваат и повикуваат на мирен протест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…
Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…
Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…
Србија наскоро би можела да добие претседател…
Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…
Врховниот суд на Канада го остави во…
Со нож ја ограбил среде кафуле во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…
Американската армија онеспособила брод што се обидел…
Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…