СДСМ ќе поднесе кривична пријава против пратеничката Имрлије Фетаи поради блокирањето на Законот за бранители
Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека ќе поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлије Сали Фетаи од Вреди за како што кажаа, грубо кршење на Деловникот околу денешното претседавање со собраниската Комисија за социјална политика, млади и демографија.
-Ние најавуваме дека ќе преземеме конкретни правни мерки, односно ќе поднесеме кривична пријава против претседавачот со Комисијата, Имрлије Фетаи-Салиу заради грубо кршење на Деловникот и грубо кршење на правата на пратениците. А, воедно ќе поднесеме и иницијатива до Уставниот суд со којашто ќе бараме да се утврди прекршувањето на правото на пратениците на коишто им беше оневозможено согласно Деловникот да постават и да предложат измена и дополнување на дневниот ред – рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.
Тој нагласи дека од страна на претседавачот на Комисијата, Фетаи грубо беше прекршен Деловникот на Собранието, поточно членот 131, со што таа директно го прекршила Деловникот на Собранието, со тоа што, како што рече, не дозволи воопшто да се отвори расправа за предлог дневниот ред, ниту можност за изменување и дополнување на дневниот ред со образложение дека претседателот на Собранието, Африм Гаши го утврдил дневниот ред и немало потреба да се утврдува дневен ред од страна на членовите на Комисијата.
-Членот 131 од Деловникот говори дека „дневниот ред на седницата на работното тело се утврдува на почетокот на седницата“. Ставот два вели „во дневниот ред може да се внесат и прашања што ги предложиле пратениците, претседателот на Собранието, и Владата“. Ова покажува дека парламентарното мнозинство предводено од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ сакаат целосно да го стават под контрола Законодавниот дом. Притоа правата на пратениците да ги загрозат, да не се остави можноста на опозицијата воопшто да даде каков било предлог и секое едно одржување на седницата да биде само по прашање коешто сака да ги постави парламентарното мнозинство – рече тој.
Според Спасовски, ова е невиден атак на демократијата и рушење на демократичноста и демократијата во Законодавниот дом, таму каде што, како што рече, демократијата треба да биде најразвиена, затоа што Собранието по правило е храм на демократијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…