Објавено на:

Софија: Бугарија не се откажува од Коридорот 8, тоа е шпекулација

t

Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија, велат од бугарското Министерство за транспорт и врски, од каде ги демантираат денешните написи во медиумите дека Бугарија се откажува од изградбата на Коридорот низ земјата и дека ги одложила градежните активности на пругата кон Македонија.

Тврдењето дека Бугарија ја одложила модернизацијата на бугарскиот дел, министерството го оценува како медиумска шпекулација, пренесе „Бгнес“.

„Министерството за транспорт и врски со години прави напори за развој на Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското Море со Црното Море преку Албанија, Република Северна Македонија и Бугарија. Од вкупно 1220 километри железница, повеќе од половина од нејзината должина – 747 километри, е на територијата на Република Бугарија. Од нив останува да се изградат само 2,5 километри железничка пруга – од Ѓуешево до Деве Баир (границата со Република Северна Македонија). Делот е финансиран во рамките на Програмата за транспортна поврзаност 2021 – 2027 година и ќе биде завршен согласно распоредот до 2029 година. За споредба, делницата што недостасува на територијата на РМ е приближно 70 километри“, соопшти Министерството.

Според бугарските власти, железничката линија Радомир – Ѓуешево е во функција и по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, низ прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на операторот на Република Македонија.

„На 15 јануари 2025 г. согласно утврдената процедура, Бугарија ѝ предаде на Република Македонија нацрт-договор за прекуграничен железнички тунел со Република Северна Македонија, во кој се претпоставува дека страните имаат заедничка цел – изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во граничната област, вклучително и преку спроведување на јавна набавка за изградба и надзор на изградбата на тунелот од страна на една од договорните страни и напорите за обезбедување грант помош за негова изградба, бидејќи изградениот објект треба да ги исполнува барањата на ЕУ и НАТО за ваков тип на инфраструктура. До денес нема официјален одговор од РСМ“, наведуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Софија: Бугарија не се откажува од Коридорот…

Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија,…

Медиуми: Бугарија го стопира проектот за пругата…

„Додека Бугарија врши притисок врз Македонија да…

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира…

Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година,…

Бугарија има втора најбрзо растечка трговија на…

Бугарија е меѓу земјите во Европската унија…

Бугарскиот премиер разговараше со Зеленски: Сега ни…

Бугарскиот премиер Росен Жељазков разговараше со претседателот…