Објавено на:

Судот на БиХ нареди апсење на Милорад Додик

t

Судот на Босна и Херцеговина, на предлог на Обвинителството на Босна и Херцеговина, издаде налог за апсење на претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ поради сомнеж за нарушување на уставниот поредокот.

Налогот за апсење ќе биде доставен до сите полициски агенции во БиХ.

Претходно, Обвинителството на БиХ го извести Судот на БиХ дека Милорад Додик е недостапен, по што судијата на претходна постапка на Судот на БиХ му одреди мерка притвор.

Да потсетиме, иако Обвинителството на Босна и Херцеговина испрати покана до претседателот на Република Српска, Милорад Додик, да одговори на сослушувањето во оваа институција, тој не одговори на оваа покана, ниту премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, Стевандиќ.

Додик требаше да се појави во Обвинителството на Босна и Херцеговина во случај кога е осомничен за напад на уставниот поредок на Босна и Херцеговина. Сепак, токму како што најави, Додик не се одзва на оваа покана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот на БиХ нареди апсење на Милорад…

Судот на Босна и Херцеговина, на предлог…

Американската војска се подготвува за напад на…

Белата куќа и нареди на американската војска…

(Видео) Белград е денес и утре центарот…

Во главниот град на Србија вечерва пристигнуваат…

Трамп изгуби милиони, а Маск милјарди долари!…

Нето вредноста на американскиот претседател Доналд Трамп…

Трамп побара од Путин да ги поштеди…

Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот…