Орбан: Србија и Македонија уште утре да се примат во ЕУ, а не Украина

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повика Србија и Македонија „уште утре“ да бидат примени во Европската унија, наспроти иницијативите на Брисел за брзо пристапување на Украина кон Унијата, пренесе „Јуроњуз“.

Орбан повтори дека Унгарија е против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ бидејќи, според неговите зборови, тоа „ќе ја уништи унгарската економија. Наместо да ја прима Украина, унгарскиот премиер се залага Унијата да овозможи побрз пристап за земјите од Западен Балкан.

– Advertisements –
-Србија би можела да биде примена во Европската унија уште утри и тоа нема никому да наштети. Напротив, ќе донесе големи економски придобивки за целата Европска унија, а особено за Унгарија, бидејќи ние сме ѝ соседна земја. Северна Македонија и Црна Гора исто така треба да бидат примени, уште утре. Ова ќе донесе исклучителни економски придобивки за Унгарија – изјави Орбан.

Според него, земјите од Западен Балкан не можат да се споредат со „уништената Украина, која само зема пари, а не носи ништо“ во однос на нивниот степен на развој, системот на функционирање на државата и перспективите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ГИ ПРЕДУПРЕДИЛЕ ИЗРАЕЛ И ЗЕМЈИТЕ ОД…

Соединетите Американски Држави испратиле предупредување до Израел…

Иран тврди дека четири танкери биле погодени…

Иранските воени власти на 12 ноември соопштија…

(Видео) Поранешена портпаролка на Зеленски: Тој е…

Јулија Мендел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател…

Струјата и гасот поевтини од европскиот просек,…

Во услови на продолжена енергетска неизвесност и…

Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема…

Еден сомнителен случај на морбили има во…